| |

МИЦКОСКИ ОБВИНУВА: СЕ ПОДГОТВУВА НАЈГОЛЕМАТА ПЉАЧКА ВО ПОНОВАТА ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНИЈА

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицковски му одговори на премиерот Зоран Заев дека најавува инвестициски циклус без никаков план и никаква методологија.

„Се подготвува најголемата пљачка во поновата историја на Република Македонија од половина милијарда евра, пари кои ќе се обезбедат од заем и ќе ги плаќаат сите граѓани и полека, но сигурно ја носат Македонија во должничко сценарио. Големите очекувања, сега се уште поголеми разочарувања, пишува Мицкоски и додава дека премиерот Заев не реализирал ништо од ветувањата, како на пример 500 километри нов автопат, плата од 500 евра и раст на економијата од минимум 5% секоја година“, вели Мицкоски.

Слични Објави