Британија најави голем пакет помош за Украина

/

Британската министерка за надворешни работи Лиз Трас денеска ќе претстави сеопфатен долгорочен план за помош во обновата на Украина откако ќе заврши војната со Русија.

На конференцијата за обнова на Украина во Лугано, Швајцарија, Трас ќе ги претстави британските проекти за краткорочна поддршка на земјата преку испраќање хуманитарна помош, но и долгорочна за заживување на украинската економија со помош на британското знаење во финансиската и економската област, посочува нејзиното министерство во соопштението објавено во неделата.

Лондон особено ќе помогне во обновата на Киев и неговата околина, како одговор на барањето на претседателот Зеленски, посочува Форин офисот. Велика Британија планира да организира и конференција за обнова на Украина во 2023 година и да отвори канцеларија во Лондон за да ја координира таа работа.

Во средата, британската влада објави дека ќе издвои 1,16 милијарди евра дополнителна воена помош за Украина како одговор на руската инвазија, која ќе вклучува системи за противвоздушна одбрана и беспилотни летала.



Со оваа распределба вредноста на британската воена помош за Киев се искачува на 2,3 милијарди фунти.

Претходна статија

Рама: НАТО ќе прави база во Драч

Следна статија

За Зијадин Села францускиот предлог прифатлив: Нема друга опција освен евроинтеграциите

Најново од Вести