БРИТАНСКИТЕ ЗДРАВСТВЕНИ ВЛАСТИ ОДЛУЧИЈА КОЈ ЌЕ БИДЕ ПРВ ВО РЕДОТ ЗА ВАКЦИНАТА ПРОТИВ КОВИД-19

Владиниот мешовит комитет за вакцинација и имунизација (JCVI) го потврди својот приоритетен список за првата фаза од масовното вакцинирање во Велика Британија, што ќе започне на почетокот на следната недела.

loading...

Возраста ќе биде единствениот приоритетен фактор и сите постари од 50 години ќе бидат први во редот за вакцината против Ковид-19, пренесуваат британските медиуми. Предност ќе имаат и лицата во згрижувачките домови и нивните негуватели.

Одлуката доаѓа откако Велика Британија стана првата земја во светот што ја одобри вакцината „Pfizer / BioNTech COVID-19“.

Приоритетната листа на JCVI за првата фаза на проширување на вакцините изгледа вака:



loading...

1 – Лица во домови за згрижување на стари лица и нивни негуватели
2 – Постари од 80 години. Здравствени работници на првата линија во борбата против Ковид-19.
3 – Сите постари од 75 години
4 – Постари од 70 години и исклучително ранливи лица
5 – Сите постари од 65 години.
6 – Сите лица на возраст од 16 до 64 години со здравствени состојби што ги ставаат на поголем ризик од сериозни болести и морталитет
7 – Сите постари од 60 години.
8 – Постари од 55 години
9 – Постарите од 50-годишна возраст.