БРНС НА ИСТА ЛИНИЈА СО ПАРТИИТЕ ОД ОПОЗИЦИЈАТА: СЕГА НЕ Е ВРЕМЕ ЗА ИЗБОРИ

//

Амбасадорката на САД во Македонија Кејт Брнс во интервју за „Независен весник“ посочува дека сега не е време за избори и дека истите треба да се одржат само кога условите ќе го дозволат тоа.

„Ова е паламентарна демократија, така што важно е кога ќе влезете во новата фаза на кризата, со сите предизвици околу обновувањето на економијата и долгорочното олеснување на рестрикциите, да имате целосно функционален парламент и влада што ќе ја преставува волјата на граѓаните. Така што, од оваа перспектива разумно е да се очекува дека, штом условите дозволат да се одржат безбедно изборите, политичките лидери да утврдат излезно решение така што ќе се соберат заедно и ќе договорат пат за одржување избори кои нема да бидат само фер и транспарентни, туку и безбедни, имајќи ја предвид грижата околу заштитата на граѓаните што треба да излезат на гласачките места и тие што ќе работат на нив„ вели Кејт Брнс во интервјуто за „Независен весник“.

Потсетуваме дека лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, ГДУ и други партии од опозицијата веќе јавно повикаа дека изборите треба да се одржат тогаш кога нема да има опасност по здравјето на граѓаните и кризата со коронавирусот ќе биде надмината.





Претходна статија

ВО АЛБАНИЈА САМО ШЕСТМИНА НОВОЗАРАЗЕНИ СО НОВИОТ КОРОНАВИРУС

Следна статија

ВО СЛОВЕНИЈА РЕГИСТРИРАНИ ЧЕТВОРИЦА НОВОЗАРАЗЕНИ

Најново од Вести