Слични Објави
Серија земјотреси: по Крит и Албанија, силен земјотрес ја погоди Турција
Земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди источниот дел на Турција, соопшти денеска Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Земјотресот се случил нешто пред пет часот наутро по локално време, на 19 километри северно од Синџик во турската провинција Адијаман, на длабочина од пет километри. Засега нема информации за материјална штета.
Шведската полиција: Русија е најголемата закана за нашата земја
Шведската полиција денеска соопшти дека Русија претставува најголема закана за безбедноста на оваа скандинавска земја. „Во моментов Русија е најголемата закана“, се вели во соопштението, според Ројтерс. Во соопштението се додава дека активностите на Русија станале поагресивни.
Не само за Иловица, 86 концесии ДПМНЕ има потпишано за рудници, велат од СДСМ
Во време на зенитот на режимот, ДПМНЕ и Никола Груевски дадоа концесии за рудникот Иловица, но и други 85 концесии за рудници низ целата држава, соопшти СДСМ. „Одлуката пак за рудникот Иловица, беше донесена на 16 јуни 2012 година, потпишана од соработникот на Мицкоски, Зоран Ставревски и објавена во Службен весник истиот месец 2012 година….
ДВЕ НОВИ ИЛУСТРИРАНИ КНИГИ ЗА ДЕЦА ОД ВЕСНА КОСТАНТИНОВА
Две илустрирани книги за деца од авторката Весна Костантинова денеска ќе бидат промовирани во Скопје. Станува збор за книги наменети за деца од предшколска и школска возраст преку кои тие се запознаваат со дел од убавините на државата, со недопрената природа, планините и езерата, но и со секојдневните проблеми кои и се закануваат, особено со…
МОН по средбата со синдикатите: Ниту еден наставник нема да биде отпуштен од работа, личните примања третпат во период од една година да бидат зголемени
Реформата на основното образование ќе продолжи во согласност со предвидената динамика затоа што ги дава очекуваните ефекти. Предизвици постојат и тие се надминуваат преку заеднички пристап, а во меѓувреме секоја добронамерна сугестија, која би можела да го олесни спроведувањето и да ја подигне нејзината ефикасност и ефективност, е добредојдена. Ова беше констатирано на денешната средба…
КОНЦЕРТ НА КАМЕРНИОТ ОРКЕСТАР НА МММ „САША НИКОЛОВСКИ ЃУМАР“ ВО СОФИЈА
Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија „Саша Николовски Ѓумар“ вечер ќе одржи концерт во салата на Чешки центар во Софија. Диригент на концертот ќе биде Ангел Спироски, а според програмата се предвидени композиции од Дарија Андовска, Ајвс, Шпор и Мартину. Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија постои повеќе од 32 години и е…


