|

Георгиевски: СДСМ спроведува реформи и ги поддржува малите земјоделски стопанства

Владата предводена од СДСМ продолжува да биде симбол за развој. Како никогаш досега, спроведуваме реформи во земјоделството кои се прифатени и поздравени од сите чинители во секторот, рече на денешната прес конференција Гоце Георгиевски, од комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ.
Тој рече дека само до пред неколку години, во Регистарот на производители на вино, наш традиционален квалитетен производ и бренд имавме само околу 40 винарии. – Денеска, само две години откако ги направивме измените во Законот за вино и овозможивме регистрација на мали семејни винарии, бројката на регистрирани винарии е над 200, – додаде Георгиевски.
– Најголема заслуга за тоа ја има Владата предводена од СДСМ, бидејќи го препознавме потенцијалот кој го имаат нашите лозари, и минатата година за прв пат во историјата на независна Македонија се спроведе специјална програма за финансиска поддршка на малите винарии. Таква поддршка искористија 59 мали винарии, со грантови до 10.000 евра, – рече Георгиевски на денешната прес конференција.


Слични Објави