| |

БРОЈОТ НА ЖРТВИ ВО ЗЕМЈОТРЕСOТ ВО АЛБАНИЈА СЕ ИСКАЧИ НА 14

Во земјотресот со јачина од 6,4 степени, што ја погоди денес Албанија, загинаа 14 лица, а околу 600 се повредени.

Најновите податоци за жртвите ги објави албанското Министерство за одбрана по пронаоѓањето на телата на уште петмина.

Министерството за здравство соопшти дека повредени се околу 600 лица, а некои од нив се во сериозна состојба.

Околу 400 војници подигнуваат шатори во два града за да ги сместат луѓето на кои им се оштетени домовите, пренесува АП.



Слични Објави