ЗА 160,000 ЕВРА „НИКОБ“ ЌЕ ГИ ОБЕЗБЕДУВА УЧИЛИШТАТА ВО СКОПЈЕ

Вести Истакнато Македонија

Градот Скопје со одлука, агенцијата за обезбедување „Никоб“ да ги обезбедува 23-те средни училишта во главниот град.

Ова ќе значи дека агенцијата ќе ги обезбедува училиштата следниве 9 месеци со помош на 79  сертифицирани лица за обезбедување од 07-20 часот секој работен ден. Цената на услугата е процента на 160,000 евра со што ова била најдобрата тендерска цена понудена од компаниите.

Никоб обезбедување во изминатиот период склучи договори за обезбедување со општините Ѓорче Петров и Струмица, Агенцијата за катастар на недвижности, Спортскиот објект „Борис Трајковски” и уште неколку јавни институции.