| |

Бугарија беше претставена на меѓународен фестивал на православна музика во Полска

Меѓународниот фестивал „Хајновски денови на православната музика“ – еден од најзначајните настани за промоција на православната хорска музика во светот, се одржа во полскиот град Хајновка, во катедралата „Света Троица“, соопшти Амбасадата на Бугарија во Варшава, пренесува БТА.

Бугарија беше претставена во категоријата академски хорови со настап на младинскиот хор на Софиската духовна семинарија, придружуван лично од Знеполскиот епископ Мелетиј.

Во рамки на посетата, бугарскиот хор го посети и Супрасалскиот манастир, каде што беше пречекан од епископот Андреј. Беа одржани и средби со проф. Александер Наумов и канцеларот на Академијата Супрасалска, Јарослав Јужвик.

Фестивалот се организира со благослов на Неговото Блаженство Сава, митрополит Варшавски и на цела Полска, под почесно покровителство на претседателот на Полска, Карол Навроцки.

Во текот на неколкуте фестивалски денови, Хајновка се претвори во место на средба на култури, традиции и духовност, каде хорови и вокални ансамбли од Европа, Азија и Африка го претставија богатството на православната музичка традиција.

Слични Објави