Бугарија доби награда за националниот штанд на саемот за туризам во Варшава
Бугарија ја доби престижната награда „Cantus Aurelis“ за настапот на меѓународниот саем за туризам „ITTF Warsaw 2026“ и за придонесот во развојот на туризмот и меѓународната соработка. Наградата му беше врачена на бугарскиот министер за туризам д-р Илин Димитров на свеченото отворање на саемот во Варшава.
Бугарија се претставува со национален штанд од 350 квадратни метри, еден од најголемите на годинашниот саем. Саемот се одржува од 19 до 21 ноември во Палатата на културата и науката во полската престолнина, соопшти бугарското Министерство за туризам, пренесува 24 Часа.
На отворањето, покрај Димитров, присуствуваа и претставници на полските институции, дипломатскиот кор и меѓународниот туристички сектор. Димитров изјави дека Бугарија и натаму е омилена дестинација за полските туристи и ја истакна важноста на подобрите авионски врски и промоцијата на бугарските туристички дестинации.
