БУГАРИЈА ГО ОБЈАВИ ПЛАНОТ ЗА ВАКЦИНИРАЊЕ, ВАКЦИНИТЕ БЕСПЛАТНИ

Бугарија го усвои Националниот план за вакцинација против Ковид-19, пришто вакцината ќе биде бесплатна за граѓаните.

loading...

Планот го изработија здравствените служби, а користени се упатствата на СЗО, изјави министерот за здравство, Костадин Ангелов.

Првата фаза на вакцинирање ги вклучува медицинскиот персонал, стоматолозите, фармацевтите и другиот помошен персонал. Бројот на оваа целна група за вакцинација е 243.600 лица, од кои 30.000 се лекари, 10.000 стоматолози.

„Сите бугарски граѓани, во која група и да влегуваат, ќе бидат вакцинирани доброволно и по јасно потпишана согласност за вакцината што ќе ја изберат“, истакна бугарскиот министер, пренесе БГНЕС.

Втората целна група за вакцинација се бугарските наставници, а станува збор за 112.080 лица.

Трета група – вработени вклучени во активности за подрдшка на државата.

loading...


Четвртата група се возрасни на возраст над 65 години и лица со хронични болести. Очекуваната бројка е 1.800.000.

Петта целна група се ранливите категориии на граѓани.

Земјата е поделена на 6 области за вакцинација.