Бугарија и Франција со заедничко набавување на современи 3D радари
Министерот за одбрана на Република Бугарија, Атанас Запрјанов, и министерот за вооружени сили на Франција, Себастиен Лекорњу, денеска во Париз потпишаа рамковен договор за заедничко набавување на нови трикоординатни радари.
Со договорот, Бугарија ќе добие основна опрема за седум современи 3D радари, како и услуги поврзани со обуката на персоналот. Заедничкото набавување ќе овозможи користење на финансиски средства од Програмата за европска одбранбена индустрија, како и преку инструментот „Мерки за безбедноста на Европа (SAFE)“, соопшти бугарското Министерство за одбрана.
Средбата меѓу министрите Запрянов и Лекорњу се одржа во рамки на 55. издание на Меѓународниот саем за аеронаутика и вселена во Ле Бурже. Оваа иницијатива е дел од пошироките напори за зајакнување на европската безбедност и зголемена интероперабилност меѓу земјите-членки на ЕУ.

