| |

Бугарија и САД разговараа за проширување на енергетската соработка и регионалната безбедност

Бугарскиот премиер Андреј Ѓуров и министерот за енергетика на Бугарија Трајчо Трајков разговараа со амбасадорката на САД во Грција, Кимберли Гилфојл, за проширување на енергетската соработка и зајакнување на регионалната енергетска безбедност, јавува бугарското министерство за енергетика.

Тројцата ги истакнаа можностите за поврзување на терминалите за течен природен гас во Грција преку Романија, Бугарија и Молдавија со Украина, во рамките на Вертикалниот гасен коридор, како можност за диверзификација на енергетските снабдувања во целиот регион.

Овој коридор постепено се развива во клучна рута на енергетската карта на Југоисточна Европа, овозможувајќи пристап до алтернативни извори на гас и отворајќи нови можности за понезависна и одржлива енергетска политика.

„Колку побрзо ја развиеме инфраструктурата, толку посигурни ќе бидат снабдувањата, а ваквите проекти носат вистинска диверзификација и подобра поврзаност меѓу пазарите“, изјави министерот Трајков.

Според него, Вертикалниот гасен коридор ќе го раздвижи пазарот и ќе ја засили конкуренцијата, што на крај значи подобри услови за потрошувачите. „Енергетиката останува во центарот на стратешкото партнерство меѓу Бугарија и САД, а следните години ќе бидат решавачки за тоа кој и како ќе го снабдува регионот“, додаде министерот Трајков.



Слични Објави