СРЕДБА НА ЈАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ ЈОВЕСКИ СО КАЗАХСТАНСКИОТ КОЛЕГА НУРДАУЛЕТОВ
Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески денеска го прими во официјална посета генералниот обвинител на Република Казахстан, Гизат Дауренбекович Нурдаулетов.
На средбата, како што информира ЈОРСМ, Јовески и Нурдаулетов размениле искуства и меѓусебно се запознале со состојбите во јавнообвинителските системи на двете земји, а било разговарано и за текот на реформите во правосудството. Нурдаулетов, со декрет на претседателот на Казахстан, е назначен за генерален јавен обвинител на оваа земја во март годинава.