Бугарија и Украина го потврдија протоколот за работа на Болградската гимназија
Бугарската влада го утврди Протоколот меѓу Министерството за образование на Бугарија и надлежното министерство на Украина за работата на Обласниот лицеј Болградска гимназија „Г. С. Раковски“ во Одеската област, јавува Радио Бугарија.
Документот, потпишан на 30 март 2026 година во Киев, предвидува учениците со бугарско потекло да продолжат да изучуваат бугарски јазик, како и бугарска литература, историја, традиции и обичаи, како и други предмети на бугарски јазик согласно наставниот план на гимназијата. Предвидено е и обезбедување учебници и наставни помагала за организирање на наставниот процес.
Во протоколот се истакнува важната улога на Болградската гимназија како институција за зачувување на националниот идентитет и културното наследство на бугарската заедница во Украина. Се гарантира и правото на украинските граѓани кои припаѓаат на бугарската заедница да добиваат образование на својот мајчин јазик.
