| |

Бугарија планира кампања за финансиска писменост за сите возрасни и социјални групи

Во Бугарија се планира информативна кампања за подобрување на финансиската писменост, објави на „Линкдин“ Ани Димитрова, советничка на гувернерот на Бугарската народна банка и амбасадорка на Бугарија за финансиска писменост, јавува БТА.

Кампањата ќе ги опфати децата, младите и нивните семејства, повозрасните лица и ранливите групи. Во подготовката ќе учествуваат Бугарската народна банка, Здружението на банки во Бугарија, бугарското Министерство за финансии, образовни институции и Претставништвото на Европската комисија во Софија. Димитрова не наведе кога ќе почне кампањата.

Димитрова ја најави иницијативата по првата средба на амбасадорите за финансиска писменост на земјите членки на ЕУ, одржана на 18 ноември во Брисел.

Според истражувањето на „Евробарометар“ од 2023 година, 18 отсто од граѓаните на ЕУ имаат високо ниво на финансиска писменост, 64 отсто имаат средно, а 18 отсто ниско ниво. Европската комисија во септември 2025 година ја претстави Стратегијата на ЕУ за финансиска писменост.

Слични Објави