Бугарија почнува преговори за преземање на архивата на институтот „Илија Тодоров Гаџев“
Бугарскиот министер за култура Евтим Милошев соопшти дека оваа недела ќе почнат преговори за иднината на архивaта на Институтот за историјата на бугарската емиграција во Северна Америка „Илија Тодоров Гаџев“.
По средбата со наследниците на семејството во Гоце Делчев, Милошев изрази надеж дека разговорите ќе доведат до „голема историска правда“ и Бугарија ќе ја преземе грижата за архивата. Владата минатата недела формирала преговарачка група.
Архивот содржи вредни сведоштва за бугарската историја, Неврокопскиот крај,бугарската емиграција во Америка и историјата на МПО. Во институтот се сместени библиотека, архив и музеј, а фондовите на библиотеката се собираат од 1970 година. Над 30 отсто од книжниот фонд е поврзан со историјата на Бугарија, а дел од изданијата претставуваат библиографска реткост.
Во рамки на посетата, Милошев ги посети и читалиштето „Просвета – 1865“ и реновираниот Дом на културата во Гоце Делчев, а се сретна и со Неврокопскиот митрополит Серафим.
