| |

Бугарија повторно меѓу трите земји од ЕУ со најнизок сооднос на државниот долг кон БДП

Бугарија повторно се најде меѓу трите земји од Европската Унија со најнизок сооднос на државниот долг кон бруто домашниот производ (БДП) во првиот квартал од 2026 година, откако на крајот од 2025 година беше истисната од оваа група, покажуваат податоците на Евростат, јавува БТА.

На крајот од првиот квартал од 2026 година, соодносот на државниот долг кон БДП во Бугарија изнесувал 28,5 отсто. Пониски вредности биле регистрирани само во Естонија (25,2 отсто) и Данска (26,8 отсто). Луксембург е на четвртото место со сооднос од 29,2 отсто.

На крајот од првиот квартал од 2026 година, соодносот на бруто-државниот долг кон БДП во еврозоната (ЕА21) изнесувал 88,9 отсто, во споредба со 87,7 отсто на крајот од четвртиот квартал од 2025 година.

Во Европската Унија, овој индикатор се зголемил од 81,8 отсто на 82,9 отсто во истиот период.



Слични Објави