БУГАРИЈА ПРЕД 26 ГОДИНИ ЈА ПРИЗНА МАКЕДОНИЈА
На 15 јануари 1992 година Владата на Република Бугарија ја призна Република Македонија за суверена и независна држава. Бугарија беше првата земја што ја призна Република Македонија. Жељу Жељев, тогашниот претседател на Бугарија го потпиша указот на признавањето.
За Македонија, за регионот и за светот беше важно дека една соседна држава прва ја признава новата балканска реалност создадена со волјата на македонскиот народ изразена на референдумот од 8 септември 1991 година.
Македонското Сорание на денешната седница го ратификуваше Договорот за пријателство, добрососедство и соработка
меѓу Македонија и Бугарија.
Договорот беше потпишан на 1 август 2017 година од премиерите на Зоран Заев и Бојко Борисов, со цел зацврстување
на меѓусебните пријателски односи, унапредување на добрососедството и развивање на сестрани меѓусебни односи
согласно меѓународното право.
