| |

ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ГРАНТОВИ ЗА НОВИНАРСКИ ИСТРАЖУВАЧКИ СТОРИИ

Фондацијата за демократија на Вестминстер во рамките на проектот „Поефективно и поефикасно трошење напарите на граѓаните низ подобар надзор“ поддржан од Владата на Обединетото кралство на Велика Британија и Северна Ирска објавува повик за истражувачки стории кои ќе се фокусираат на анализа на буџетите и трошењата на државните институции.

ЗА ПРОЕКТОТ

Проектот Поефективно и поефикасно трошење напарите на граѓаните низ подобар надзоре дел од регионалната програма на Фондацијата за демократија на Вестминстер насловена Иницијатива за демократија во Западен Балкан и има за цел низ комбиниран пристап на работа со државните институции и граѓанското општество да придонесе кон поефективно и поефикасно трошење на јавните пари.

За да се постигне ова, проектот ќе работи со Собранието на Република Македонија за да овозможи на собраниските служби да нудат поддршка на пратниците при вршење на финансиски надзор. Дополнително, ќе се поттикнува соработка на медиуми, граѓански организации и други актери од граѓанското општество, преку воспоставување на партнерства, кои ќе се фокусираат на потранспарентно и поотчетно трошење на јавните пари.

ЗА ПОВИКОТ

Во рамките на овој повик предвидено е да бидат поддржани до шест истражувачки стории кои во основа би требало да се фокусираат на анализа на буџетите на државните институции, вклучително: Буџетот на РМ, буџетите на министерствата, буџетите на локалните самоуправи, буџетите на други државни институции, како и буџетите на јавните претпријатија.Предност ќе биде дадена на стории кои што освен буџетите на институциите ќе користат и извештаи од ревизии на овие институции извршени од страна на Државниот завод за ревизија, како и други релевантни финансиски извештаи за институцијата ( завршна сметка, годишен извештај и др).

Целта на истражувачките стории е да ги анализираат буџетите на државните институции и истите на лесно разбирлив начин да ги приближат до граѓаните на Република Македонија. Сториите треба да се фокусираат на прашања од поширок јавен интерес, особено фокусирајќи се на прашања кои можат да влијаат за зголемување на отчетноста и транспарентноста на јавните институции во Република Македонија, како и кои би придонеле кон зголемување на ефективноста и ефикасноста во трошењето на јавните пари.

Продуктите од истражувачките стории можат да бидат видео или аудио прилози, како и пишани прилози во печатен или онлајн формат. Истите можат да бидат презентирани во едно или повеќе продолженија.

Заинтересираните кандидати треба да развијат и разработаат предлог за истражувачка сторија, како и нацрт буџет за покривање на трошоците за истата најмногу до 1.000 UKP (британски фунти) во денарска противвредност.

КОЈ МОЖЕ ДА АПЛИЦИРА?

Повикот за истражувачки стории е отворен за сите новинари без разлика дали се вработени или не. Услов за аплицирање е новинарот да има воспоставено соработка со граѓанска организација која што работи во полето што ќе биде покриено со истражувачката сторија и активно да соработува, односно да ја вклучи истата во процесот на подготовка на истражувачката сторија.

Заинтересираните новинари треба да имаат на располагање медиум во кој ќе ја објават сторијата (медиумот во кој работи или со којшто соработува новинарот). Истражувачките стории мора да бидат завршени и публикувани најдоцна до 15април 2019.

Кандидатите можат да се пријават со повеќе предлози за истражувачки стории, но на еден кандидат може да му биде прифатен само еден предлог. Доколку еден кандидат се пријавува со повеќе предлози, истите треба поединечно да ги испрати.

Избраните кандидати, заедно со уште еден претставник од граѓанската организација со која што ќе соработуваат ќе имаат обврска да учествуваат на дводневна обука за начинот на користење на буџетите, завршните сметки, ревизорските извештаи и другите финансиски документи како извор во подготовка на истражувачки стории, која ќе се одржи на почетокот на 2019.

КАКО ДА АПЛИЦИРАШ?

Заинтересираните апликанти имаат обврска да ги испратат следните документи:

  • Образец со предлог истражување и буџет за истражувачката сторија;
  • Изјава за поддршка/соработка од страна на граѓанската организаиција која ќе биде вклучена во сторијата;
  • Референтна листа со текстови/прилози од авторот.

Краен рок за испраќање на апликации е 20јануари 2019 година, до 23:59 часот. 

Документите треба да бидат испратени на следната адреса: [email protected]со напомена: Повик за истражувачки стории.

Доколку имате било какви прашања или потреба од дополнителни информации истите може да ги поставите најдоцна до 15јануари 2019 година на [email protected].


Преземете го формуларот за АПЛИКАЦИЈАТА

Слични Објави