ПАЗАРЏИИТЕ ГО БЛОКИРАА СКОПЈЕ, ПРОТЕСТИРАА ПРОТИВ ПОСКАПИОТ ПАРКИНГ

Пазарџиите од Зелен пазар утрово излегоа на протест во центарот на Скопје поради поскапувањето на паркингот од страна на Општина Центар, односно ПОЦ.

Булеварот „Кирил и Методиј“ беше блокиран на потегот од кај дирекцијата на Макптерол до Рамстор мол. Полицијата ги пренасочува возилата од пред крстосницата кај катната гаража „26 Јули“.

Пазарџиите бараат намалување на цените, кои неодамна се зголемија за 20 денари, поради тоа што имаат поголеми трошоци.