ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ НА 21 АПРИЛ
Се разгледува можноста првиот круг од претседателските избори да се одржи на 21 април, а вториот на 5 мај, а изборите да се распишат најдоцна на 8 февруари со што би се испочитувала законската рамка, изјави денеска на прес-конференција претседателот на Собранието Талат Џафери.
Тоа, како што посочи би било во согласност со Изборниот законик, во однос на роковите кои треба да се запазат, односно не повеќе од 90 дена и не помалку од 70 дена од распишување на изборите до денот на нивното одржување. Мандатот на шефот на државата Ѓорге Иванов завршува на 12 мај.
Целиот напис прочитајте го овде.
Извор: Сител

