| |

ГДУ: ПОЛИТИЧКИТЕ ИГРИ ВИ СЕ ПРОВИДНИ-НИКОЈ НЕ СМЕЕ ДА БИДЕ АМНИСТИРАН

„Законот за СЈО кој го договорија СДСМ и ДУИ, а сега ќе го „доиспеглаат“ со ДПМНЕ отвора бројни сомнежи.

Дали ова значи дека се амнестираат Орце Камчев,Сашо Мијалков,Антонио Милошоски, Али Ахмети, Бујар Османи?

Притоа Јанева не крие дека постои можност некој да се спаси од „бомбите“.

СЈО беше создадено да ја открие корупцијата, по сето она она што го слушнавме како работела претходната власт.

Но како што се тргнало со амнестирање, селективност и со скандалозните судски одлуки, никој нема за ништо да одговара во оваа држава. Граѓаните делумно ја загубија довербата во СЈО, а сега наеднаш ќе ги снема и „бомбите“ .

Дали Ахмети и неговите најблиски соработници ќе останат „заштитени мечки“ благодарение на политичкот пазар?

Дали ова е жестоката борба против корупција која ја најавуваше власта пред изборите?

Зошто СЈО оди под капа на ЈО? Зошто му се одзема независноста на ова Обвинителство?

СЈО не ја дозаврши својата работа и тоа очигледно зошто партиите си дозволија да се мешаат во работењето на оваа институција која за момент ја врати надежта кај граѓаните за правда и правна држава. Од предметите кои ги отвори никој не е казнет, освен еден кој успеа да избега и да не оди зад решетки.

На ваквите пазари и политички игри, мора да им се стави крај. Никој не смее да биде амнестиран. Игрите ви се провидни“-стои во соопштението на Граѓанско Демократска Унија.



Слични Објави