БУГАРИЈА ПРОСЛАВУВА 141 Г. ОД ОСЛОБОДУВАЊЕТО ОД ОСМАНЛИСКО ВЛАДЕЕЊЕ
Бугарија слави 141 година од своето ослободување. На 3 март 1878 г. е потпишан Сан Стефанскиот мировен договор меѓу Руската и Османлиската империја со што Бугарија повторно се појавува на политичката карта на Европа како вазално кнежество на Османската империја. На 22 септември 1908 г. Бугарија ја прогласува својата независност од Високата порта.
