ПРОДОЛЖУВА СОРАБОТКАТА МЕЃУ ВОСПИТНО-ОБРАЗОВНИТЕ УСТАНОВИ ОД ДЕЛЧЕВО И СОФИЈА
Група вработени од гимназијата Методи Митевски-Брицо од Делчево ја завршија посетата на Бугарија што имаше за цел размена на искуства и добри практики со Приватното средно училиште „Цар Симеон Велики“ од Софија. Како што истакна училишниот педагог Дијана Цонева, се работи за посета на училиштето кое е прогласено за „Иновативно училиште“ од Министерството за образование и наука на Бугарија и е училиште-амбасадор на Европскиот парламент. (Повеќе)
Фото: Сител
