| |

СЕ ПОЈАВИЈА НОВИ БОМБИ: МИЦКОСКИ И КИЧЕЕЦ СЕ ДОГОВАРАЛЕ ЗА ИЗБОРИТЕ ВО 2019 ГОДИНА

Нови четири аудио снимки на кои може да се слушнат разговори меѓу Зоран Милески – Кичеец и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, снимени пред првиот круг претседателски избори во април 2019 година, денеска се појавија на Јутјуб. Објавувачот на снимените аудио материјали засега е непознат, јавува Фокус.

На снимките може да се слушнат теренските активности на Кичеец во Охрид, стратегии за соработка на избори, а Кичеец во еден момент му кажува на Мицкоски дека се што било побарано од него е завршено и дека е добар извршител, кој не зборува наоколу.

Исто така, во разговорите се слуша како се прави анализа на состојбите во Охрид и конкретна соработка за вториот круг на изборите. Аудио снимките откриваат и дека Кичеец открива можна средба на Мицкоски со Камчев.

Во изјава за А1 ОН, Зоки Милески Кичеец потврдува дека снимките објавени на You Tube се автентични: „Разговорите што се објавени се автентични од состанок што го имав со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и се од 14 април 2019 година. На тој состанок разговаравме за изборите во Охрид и мое помагање.“
Милевски изјави за А1 Он дека не знае кој ги снимал разговорите.

Слични Објави