НЕ ГО СПОРИМЕ ИДЕНТИТЕТОТ НА МАКЕДОНЦИТЕ, МАКЕДОНИЈА ДА НЕ ГО ОСПОРУВА ДОГОВОРОТ

//

„Бугарија низ годините секогаш била еден од најсериозните поддржувачи на Северна Македонија. Сакам да ги повикам, сме потпишале еден Договор, двајцата премиери ги ставиле своите потписи под тој Договор и не е добро да спориме за тоа што пишува во него“, изјави денеска пред новинарите шефицата на бугарската дипломатија, Захариева, пренесува БГНЕС.


„Нашата цел е да ја признаеме заедничката историја, да ги славиме заедно хероите кои се сметале за Бугари но се бореле за идеалите на Македонија. Каков е проблемот да кажеме дека јазичната норма која е официјална според нивниот Устав, почнала во 1945 година, и се темели на бугарскиот јазик? Ние не го спориме идентитетот на Македонците, ние први сме ја признале Р. Македонија. Нема правна форма за признавање на нација и јазик“, вели Захариева.


Бугарската прва дипломатка вели дека научниците треба да им помагаат на дипломатите, но работата на комислијата не треба да биде политизирана. Според неа едностраната одлука за запирање на работата на Комисијата од страна на С. Македонија, ја политизира самата Комисија. Захариева одби да даде коментар за научниот труд на Бугарската Академија на науките во кој што македонскиот јазик е пишан како северно македонски-бугарски.




„БАН можат да издадат што сакаат, но во однос на тоа како ќе ги потпишуваме договорите со С. Македонија, решенијата се земаат од владите на двете држави“, вели Захариева.

Претходна статија

ФРАНЦИЈА БАРА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА СЗО И ПРОМЕНА НА НАЧИНОТ НА ФИНАНСИРАЊЕ

Следна статија

ЈАНЕВА: СО БОЈАН ЈОВАНОВСКИ НЕ РАЗГОВАРАВМЕ ЗА СЈО, ТУКУ ЗА МОДАТА И ЉУБОВТА

Најново од Вести