Бугарија се подготвува за членство во Европската лабораторија за молекуларна биологија
Бугарски научници ги претставија научниот потенцијал, инфраструктурата и приоритетите на земјата во областа на науките за животот при посета на Европската лабораторија за молекуларна биологија (EMBL) во Хајделберг, Германија, соопшти бугарското Министерство за образование и наука.
Посетата е дел од напорите за поактивно вклучување на Бугарија во европскиот научен простор и се одржува во пресрет на разгледувањето на кандидатурата за полноправно членство во EMBL. Бугарската страна треба да ја претстави и брани кандидатурата на седница на Советот на лабораторијата во ноември 2026 година.
Полноправното членство би им овозможило на бугарските научници поголем пристап до меѓународни истражувачки програми, високотехнолошка инфраструктура, обуки и научни мрежи, како и нови можности за млади истражувачи и докторанди.
За време на посетата биле разгледани можности за заеднички научни проекти, размена и обука на истражувачи и воспоставување долгорочни партнерства со европски научни тимови.
Во бугарската делегација учествувале научници од Бугарската академија на науките, Софискиот универзитет и медицинските универзитети во Варна и Плевен.

