Бугарија се вклучува во меѓународната иницијатива „Илуминации“ по повод стартот на Џиро д’Италија
Неколку дена пред почетокот на едно од најпрестижните велосипедски натпреварувања во светот – Џиро д’Италија, Бугарија се приклучува на меѓународната иницијатива „Илуминации“, соопшти Министерството за туризам на Бугарија.
За првпат во својата 109-годишна историја, трката ќе започне од Бугарија и ќе помине низ десетици општини. Во рамки на кампањата, симболични културно-историски објекти во градовите домаќини ќе бидат осветлени во розева боја – симбол на натпреварувањето и легендарната лидерска маичка maglia rosa.
Во Бугарија во розево ќе бидат осветлени ѕидините на Стариот град во Несебар, Бургаскиот мост, тврдината Царевец во Велико Трново, Колодрумот во Пловдив и Националниот дворец на културата во Софија.
„Џиро д’Италија е начин да ја прикажеме природата, културата и историјата на нашата земја пред милиони луѓе ширум светот. Со вклучувањето на Бугарија во иницијативата ‘Илуминации’ уште еднаш го потврдуваме нашето присуство на глобалната туристичка мапа како атрактивна и разновидна дестинација“, изјави министерот за туризам на Бугарија Мирослав Боршош.
