| |

Бугарија слави 21 година од влезот во НАТО. Желјазков: Алијансата останува основен столб на нашата безбедност

Бугарија денеска слави 21 година како полноправна членка на НАТО – најсилниот воено-политички сојуз во светот, кој е гарант за безбедноста, стабилноста и слободата на своите граѓани. Ова го наведува бугарскиот премиер Росен Желјазков во објава на Фејсбук страницата на бугарската влада.

„На 29 март 2004 година нашата земја го направи својот стратешки избор, приклучувајќи се кон Северноатлантскиот пакт заедно со уште шест источноевропски земји. Тоа беше историски момент кој го отвори патот на Бугарија кон одржлив развој, заштита на националниот интерес и нејзиното одржливо присуство како сигурен сојузник во колективната одбрана, вели Желјазков.
Денес, во сложената и динамична меѓународна средина, Алијансата продолжува да биде главниот столб на нашата безбедност. Бугарија, како активна и одговорна членка, придонесува за зајакнување на пактот и за изградба на модерни, борбено способни вооружени сили кои се способни да одговорат на новите закани за глобалната безбедност. Уверен сум дека НАТО од сегашните предизвици ќе излезе посилен, пообединет и подобро подготвен да ја заштити безбедноста на своите граѓани. Иднината на Бугарија е силно поврзана со стабилноста, солидарноста и долгорочното партнерство со нашите сојузници. Убеден сум дека инвестициите во одбраната, во човечкиот потенцијал и во технологијата ќе обезбедат мир, безбедност и просперитет за идните генерации“, нагласува бугарскиот премиер.

Слични Објави