Бугарија со зголемен број одлуки за привремена заштита на лица, кои избегале од војната во Украина
Бугарија е меѓу земјите од ЕУ со најголем раст на новоодобрената привремена заштита за лица кои избегале од војната во Украина, иако на ниво на Унијата бројот на нови одлуки се намалува, покажуваат податоците на Евростат, пренесе БГНЕС.
Во вториот квартал од 2026 година земјите од ЕУ донеле 138.045 нови одлуки за привремена заштита, што е за 16,2 отсто, односно 26.760 помалку од првите три месеци од годината. Во Бугарија, пак, бројот се зголемил за 2.215 одлуки.
Трендот продолжил и во јуни, кога Бугарија регистрирала раст од 870 нови одлуки во однос на мај. Поголемо зголемување имале само Германија со 1.825 и Чешка со 1.470 одлуки.
На крајот на јуни во ЕУ под привремена заштита биле 4,41 милиони лица кои избегале од Украина. Германија имала најмногу корисници — 1.286.230, пред Полска со 961.170 и Чешка со 390.810.
Од вкупниот број лица под заштита, 98,5 отсто се украински државјани, 43,4 отсто се жени, а 29,6 отсто се малолетници.
Привремената заштита за лицата кои избегале од Украина е продолжена до 4 март 2027 година.

