Бугарија учествува на фестивалот на детската книга во Болоња
Бугарија учествува на Меѓународниот саем на детска книга што се одржува во Болоња, јавува БНТ. Бугарија е претставена со посебен павилјон, а организатор е Здружението „Култура и литература“ со поддршка на Министерството за култура и општината на градот Софија.
Посетителите ќе можат да видат избор од најновите книги за деца од бугарски автори. Има и изложба на која се претставени делата на 19 бугарски илустратори. Бугарија учествува за прв пат во официјалниот дел на програмата со специјална покана на организаторите на саемот. Целта е да се прикаже модерната бугарска книга за деца и илустрација.

