Бугарија учествува во два од првите пет европски одбранбени проекти
Бугарија учествува во два од првите пет европски одбранбени проекти од заеднички интерес, одобрени од Советот на ЕУ – за развој на дронови и системи за борба против дронови и за интегрирана поморска и подводна одбрана, јавува БНР.
Земјата е меѓу 28-те учесници во проектот DronE and Counter Drone European Resolve (DECODER), заедно со 26 земји од ЕУ, Норвешка и Украина. Проектот предвидува инвестиции од 3,5 до пет милијарди евра до 2033 година и има цел заеднички развој, производство и набавка на беспилотни и противбеспилотни системи.
DECODER предвидува и зголемување на производствените капацитети на европската одбранбена индустрија и создавање Европска мрежа на технолошки центри за дронови.
Бугарија учествува и во Integrated Maritime and Seabed Defence (IMSD), во кој има 17 учесници, меѓу кои Норвешка и Украина. Предвидените инвестиции се меѓу 43 и 72 милијарди евра.
IMSD треба да воспостави заедничка европска архитектура за поморска и подводна одбрана, вклучувајќи системи за размена на информации, поморски и подводни платформи, беспилотни системи и капацитети за разузнавање и набљудување.
Посебен акцент е ставен на заштитата на критичната поморска и подводна инфраструктура, меѓу која пристаништа, офшорни објекти, подводни кабли и цевководи.
Двата проекти се дел од Европската програма за одбранбената индустрија, а Европската комисија ќе учествува во сите пет одобрени проекти.

