|

Тасева: По извештаите на антикорупциската и Заводот за ревизија, треба да паѓаат оставки, а сега не се постапува по нив

Медиумите имаат среден резултат со 59 поени. Тука треба да се поработи сериозно, на правилата на отчетноста, сопственоста, финансирањето, интегритетот, транспарентноста на податоците, вели претседателката на „Транспаренси интернешнл – Македонија“, Слаѓана Тасева.

На прашањето што се случува со независните институции, зошто тие секогаш се добро оценети, но недоволно ценети во нашето општество, таа рече дека тоа е резултат на политизацијата.

„Гледаме што се случува во последните денови. Се настојува институциите да бидат под политичка контрола, тоа е симптомот на заробена држава, која настојува да ги контролира сите институции. За среќа, овие институции успеаја да обезбедат свој интегритет и очигледно не им се дава можност да работат доволно, со оглед дека немаат доволно ресурси“, рече Тасева.

Таа рече дека не е новина оти не се постапува по извештаите на Заводот за ревизија и антикорупциската комисија.

„По такви лоши извештаи, треба да паѓаат оставки, функционерите да не се таму каде што се откога ќе добијат лош извештај. Не се постапува по извештаите на Државната комисија за спречување на корупцијата ниту во Владата. Колку прашања поставија за судир на интереси. Традиционален е проблемот со Јавното обвинителство. Тие го сметаат работењето на Комисијата како мешање во нивната работа“, посочи Тасева и додаде дека изолирано и се внимаваат затоа што тука, пред сѐ, се ставаат нечии интереси, теснопартиски, личните над интересите на државата.



Слични Објави