Бугарија воведува меѓународен пасош со 10-годишна важност и биометриски податоци
Бугарскиот меѓународен пасош веќе ќе има 10-годишна важност и ќе содржи биометриски податоци. Тоа го предвидуваат промените усвоени од бугарската Влада.
Граѓаните веќе ќе можат да вадат и привремена лична карта за идентификација.
Се ажурираат и цените за издавање документи. Промените се воведени со обновената тарифа бр. 4. Одлуката на владата е само дел од преминот кон централизираниот систем за персонализација на лични документи.
Новите цени и правила ќе стапат во сила од 27 април 2026 година.
Промените имаат за цел модернизација на административните услуги, како и обезбедување вкупно 27 видови лични документи со повисок степен на заштита. Електронската услуга за издавање пасоши, која беше запрена на 22 април, ќе биде обновена од 27 април, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.
