Бугарија запре пратка од 19 тони македонски јаболка поради прекумерно количество на пестициди
Бугарската агенција за безбедност на храната не дозволи на пазарот на Европската Унија да влезе пратка јаболка од Република Северна Македонија со остатоци од пестициди над дозволените нивоа, јавува News.bg.
Пратката, со вкупна тежина од 19.350 килограми, ќе биде вратена во Северна Македонија.
Со лабораториско испитување е утврдено присуство на остатоци од пестициди над законски утврдените максимално дозволени нивоа.
Од Агенцијата посочуваат дека пратката е откриена во рамките на засилената контрола на свежото овошје и зеленчук што се нудат на бугарскиот пазар.
Агенцијата продолжува со засилените контроли за да спречи на пазарот да се најде храна што не ги исполнува барањата за безбедност.
