| |

Бугарите – на прошетка до Солун на по едно „Шенгенско кафе“

Стотици Бугари се прошетаа до Солун за да напиjaт по едно „шенгенско“ кафе и да уживаат во деликатесите со морски дарови што ги нуди грчката кујна. Оваа симболична прошетка е прва без редици и чекање на границите, коментираат Бугарите, кои во Солун уживаат во убавото кафе на брегот на Белото море, јавува БНР.

Сопственици на таверни известуваат дека за денеска резервирале маси за Бугарите кои пристигнуваат на прошетка.

Од друга страна, денеска заминуваат и туристите кои ја дочекаа Новата година во Грција. Велат дека се враќаат без гранични проверки и ограничувања.

Во спротивна насока, Грците уживаат и во брзото минување на границата и многу од нив патуваат во Бугарија на прошетка и шопинг.

Влегувањето на Бугарија во Шенген несомнено ќе го зголеми туризмот и бизнисот меѓу двете земји, коментираат градоначалниците од пограничните региони.



Слични Објави