| |

Бугарите во РС Македонија живеат во предизборна осаменост

Пишува: Ким Мехмети, специјално за БГНЕС

На РС Македонија и претстојат претседателски и парламентарни избори. Со што овдешните политички партии започнале да ги разработуваат стратегиите како да дојдат на власт за да ја водат оваа држaва во која политиката е најпрофитабилен бизнис и каде што повеќето властодржци владеат според комунистичкото начело дека за да станеш капиталист треба да го ограбуваш својот народ. Односно дека во државата може се да се менува, но не и цената на еден гласач, која не треба да ја надмине таа на една овца. А со што се создаваат сите предуслови за градење на демократија според правилото еден партиски будала да застапува стотина паметни граѓани и еден функционер лопов да ограбува илјадница чесни луѓе.

Овогодинешната битка на македонските и албанските политички партии за зајакнување на предизборните коалиции, е одбележана со обидот тие да ги придобијат партиите на помалите етнички заедници, со што нивните партиски челници наеднаш станаа „братски” настроени кон Турците, Ромите, Србите, Бошњаците…. Но за жал не и кон Бугарите, најверојатно затоа што, во денешна РС Македонија, да кажеш било што добро за нив, е туку речи рамно на вељепредавтсво?!

Но, додека за македонските партии е „разбирлив„ овој однос кон бугарите што сакаат да им го променат „Изводот од матичната книга на родените”, чудно е што и албаснките политички партии се раководат според „српската” политичка памет и избегнуваат да го сторат очекуваното во овие простори и при денешните регионални и глобани превирања – да ги обноват вековните пријателски врски со бугарскиот народ.

Да, во предизборна Македонија, албанските и македонските политички партии ги зајакнуваат своите изборни мускули коалицирајќи со партиите на Турците, Ромите, Србите …, но не и со бугарските. Со што овдешните Бугари се оставени да ја живеат својата педизборна осаменос и да се чувствуваат како неважен политички фактор.

И токму оваа нивна предизборна политичка осаменост најдобро ја разоткрива вистината зошто овдешните Бугари се замолчени и зошто често пати, за да опстанат, тие се принудени да ја употребат формулата што ја измислија некои снаодливи Македонци: да живееш во твојот етнички табор и да се крстиш во црква, но за да можеш да се вработиш, да се изјаснуваш како Албанец кој се клања во џамија.

Впрочем во СР Македонија не си никој и ништо ако немаш свои „ајдутократи” кои те застапуваат во државните институции и ако немаш своја политичка партија која може да те вработи. И во оваа држава можеш да ја почуствуваш сета тежина на несреќата кога постоиш но политички те нема и кога за тебе одлучуваат тие што сакаат да бидат видени поинакви одошто се.

Да, во Македоноја наближуваат претседателските и парламентарните изборо. При што македонските партии ветуваат дека нема да подлегнат на „бугарскиот притисок” а албанските партии се колнат на верност кон државата. При што и едните и другите не сакаат да се соочат со вистината дека нивната држава се повеќе и повеѓе трулее од внатре и дека граѓаните на оваа земја се повеќе и повеќе се чувствуваат како обични бројки кои имаат вредност само при периодичните пописи на населението и кога почнува предизборната купо-продажба на гласови.

А кога во РС Македонија почнува предизборната битка, никому не му се важни довчерашните непријателства и обвинувања, како ниту етничката припадност на тие што гласаат. Што не е нешто чудно во држава во која не само партиската припадност, туку и етничката се менуваат сезонски. Како што се случи на пример со православните Албацни од Горна Река и со мнозина Бугари, кои откако ментално ги „просрбија”, ги асимилираа и ги преиначија во етнички Македонци.



Слични Објави