Се зголемува бројот на заболени од морбили во Европа
Се зголемува бројот на заболените од морбили во Европа, а болеста продолжува да се појавува поради ниската стапка на имунизација, објави Европскиот центар за превенција и контрола на болестите. Повеќе од 14.400 случаи на болеста се пријавени минатата година во 30 европски земји. Зголемениот број на пациенти се должи на епидемиите во Романија, Италија, Грција и Германија. Оваа болест, која е многу заразна, но може да се спречи со вакцинација, сè уште се шири кај децата во Велика Британија, Франција, Шведска. Од Европскиот центар за превенција и контрола на болестите велат дека за да се спречи ваквиот тип на мали сипаници, вакцинацијата треба да достигне најмалку 95 проценти.
