| |

Бугарската амбасада собрала најмногу пари во добротворната иницијатива „Дипломатски добротворен базар“ во организација на Dobredojde Macedonia Welcome Centre

Бугарските претставници на Дипломатскиот добротворен базар собрале 75 илјади денари и со тоа го заземаат првото место по донации на иницијативата организирана од Dobredojde Macedonia Welcome Centre со почетен председател Н. Е. Деjвид Гиар, амбасадор на Delegation of the European Union, Skopje. За ова достигнување преку својот профил на социјалната мрежа Facebook информираше лично Билјана Ангелова, сопруга на бугарскиот амбасадор во Скопје, Ангел Ангелов.

„Им благодарам на екипите на Амбасадата на Р Бугарија 🇧🇬, Български културно-информационен център Скопие и Търговското представителство на Бугариjа кои се вклучија волонтерски во правењето колачи, украси, слики, честитки!… Кои дадоа дел од своето слободно време и во неработен ден се посветија на кауза“, пишува Ангелова.

Среќна сум што го делиме првото место со нашите приjатели од Slovenian Embassy Skopje/Амбасада на Република Словенија кои исто така собрале речиси 75 000 ден, додава сопругата на бугарскиот амбасадор.

Во постот таа ги набројува и сите без кои бугарскиот штанд на базарот немаше да биде толку богат и без кои учеството на Бугарија немаше да биде реалност.



Слични Објави