Бугарската гајда и надсвирувањето со гајди внесени во Листата на нематеријално културно наследство на УНЕСКО
Бугарската гајда и традицијата на надсвирување со гајди се внесени во Листата на нематеријалното културно наследство на УНЕСКО, јавува Радио Бугарија. Ова го соопшти Организацијата за образование, наука и култура при Обединетите нации.
Одлуката е донесена на 20-та седница на Меѓувладиниот комитет на УНЕСКО, што се одржува во Њу Делхи, Индија.
