| |

Бугарската кујна и фолклор претставени пред јапонската публика во Токио

Бугарската традиционална кујна, народните танци и домашните производи беа претставени пред јапонската публика на второто издание на Фестивалот на Бугарија, што од 26 август до 1 септември се одржа во трговскиот центар „Шинџуку Такашимаја“ во Токио, јавува БНР.

Настанот беше организиран од Амбасадата на Бугарија во Јапонија, а посетителите во текот на една недела имаа можност да се запознаат со различни аспекти од бугарската култура и традиција.

Во програмата учествуваше фолклорната група КОГА, која изведе бугарски народни танци од различни делови на земјата.

Во фоајето на трговскиот центар беше поставена и изложба на традиционални бугарски носии, како и постери со фотографии од Бугарија.

Посетителите можеа да дегустираат и традиционални бугарски јадења од мени подготвено од Људмила Костова.

Во рамки на фестивалот беа претставени и бугарско вино и ракија, мастика, вода од рози и слатко од рози, а посетителите имаа можност да се запознаат и со традиционалната тројанска керамика.

Слични Објави