| |

Бугарската народна банка пушта специјална сребрена монета по повод 150-тата годишнина од раѓањето на Гоце Делчев

Во понеделник, 17 јануари, Бугарската народна банка ќе пушти во оптек специјална сребрена монета посветена на 150-та годишнина од раѓањето на најголемиот бугарски револуционер од Македонија Гоце Делчев, јавуваат бугарските медиуми.

Цената на специјалната монета ќе изнесува 108 лева (околу 54 евра). Ликот на монетата е земен од кореспонденцијата на идеологот на македоно-одринските комитети од 1901 г., која што се чува во Националната библиотека „Св Кирил и Методиј“ во Софија.

Во периодот од 17-ти до 19-ти јануари секој еден клиент на БНБ без разлика дали е физичко или правно лице ќе може да купи до две монети, а потоа истата ќе се продава без ограничувања.

Фондацијата „Гоце Делчев“, чиј претседател е познатиот бугарски диригент и директен потомок на револуционерот, маестро Христо Христов упати повик до сите заинтересирани институции, на начин, којшто тие ќе одлучат дека е најдобар да го одбележат раѓањето на најголемиот син на поробена Македонија.

Во својот повик од Фондацијата велат дека Гоце Делчев бил културен човек и како таков треба да го помниме.



Слични Објави