Бугарската нуклеарна централа „Козлодуј“ годинава со дневна печалба од 5 милиони евра

//

Добивката пред даноци и камати на бугарската нуклеарна централа „Козлодуј“ за првите шест месеци од 2022 година го надмина збирот на вкупната добивка на компанијата за претходни две години (2020 и 2021 година), т.е. за период од 24 месеци, јавува Economist.bg. Високите цени на електричната енергија ги зголемија финансиските перформанси на нуклеарната централа втор квартал по ред оваа година. Само во првата половина од годината ЕБИТДА за првпат достигна 2 милијарди лева, а за споредба во истиот период лани таа изнесуваше само 381 милион лева.

Нето добивката на државната компанија за првите шест месеци од 2022 година достигна 1,7 милијарди лева, во споредба со 263 милиони лева пријавени за истиот период во 2021 година. За споредба, приближно 1,7 милијарди лева е збирот на целите поставени од компанија за заработка во претходните четири години – 2018, 2019, 2020 и 2021 година.

Со други зборови, високите цени на енергенсите го зголемија профитот на компанијата за околу 420%, а секој ден од почетокот на годината таа заработувала повеќе од 10 милиони лева.



Освен повисоките цени на струјата и топлинската енергија што ги произведува нуклеарната централа, самото производство ги надминува резултатите од минатата година. Двете нуклеарни единици, 5 и 6 блок, произвеле во просек 5% повеќе електрична енергија во споредба со истиот период во 2021 година.



Претходна статија

Заврши „14-ти детски олимписки одмор – Босилеград 2022“.

Следна статија

Јолевски: Несоработката меѓу Русковска и Јовески доведе до овие „непријатни состојби“

Најново од Вести

(Фото) Вандалски акт или фотошоп- кој успеа да избрише буква од името на македонистичкиот клуб во Благоевград, напишано од внатрешната страна на излогот на клубот?!

Организацијата „Нов Асном“ денеска преку соопштение испратено до медиумите во РС Македонија се обиде да направи