| |

Бугарската поетеса Поли Муканова учествуваше на 63-то издание на „Рацинови средби 2026“ во Велес

Бугарската поетеса и предавач на Универзитетот за библиотекaрство и информациски технологии (УНИБИТ) во Софија, Поли Муканова, на 15 и 16 јуни учествуваше на 63-то издание на поетскиот фестивал „Рацинови средби 2026“ во Велес, јавува Бугарскиот културно информативен центар во Скопје.

Синоќа, по повод свеченото затворање на „Рацинови средби 2026“, поетесата беше дел од Меѓународното поетско читање, кое се одржа во Амфитеатарот на „Младинскиот парк“ во Велес.

Поли Муканова ѝ е добро позната на велешката публика со своите претходни учества и претставувања, кои го поттикнуваат литературниот дијалог меѓу двете земји.

За време на својот престој во РСМ, Поли Муканова го посети и Бугарскиот културно-информативен центар Скопје. За време на средбата беа разгледани претстојните меѓународни литературни форуми и конференции од областа на библиотекарството, кои треба да се одржат во РСМ до крајот на годината, како и учеството на бугарски претставници во нив, се вели во соопштението на БКИЦ-Скопје.

Слични Објави