| |

Бугарската виолистка Стефаниja Јанкова со концерт на Skupi KamerFest во Националната филхармонија во Скопје

Бугарската виолистка Стефанија Јанкова ќе одржи концерт во склоп на меѓународниот фестивал за класична камерна музика „Skupi KamerFest 2022“. Концертот ќе се одржи во Националната филхармонија во Скопје- мала сала, на 12 септември 2022 година со почеток во 19:30 часот.

Годинава партнер на фестивалот „Skupi KamerFest 2022“ е и бугарскиот Културно-информативен центар во Скопје, јавуваат од Културниот центар.

Со поддршката на БКИЦ- Скопје, Стефанија Јанкова ќе одржи мастер класови во склоп на нејзиното гостување во Скопје.

Бугарската виолистка е позната со големиот број концерти и изјави на меѓународната сцена. Стефанија Јанкова е носител на голем број награди од меѓународни конкурси и била дел од голем број мајсторски класови.

Влезот за концертот на бугарската виолистка е слободен.

Слични Објави