Соработка на Универзитетот за туризам и менаџмент-Скопје со Универзитетот за телекомуникации и пошти во Софија

/

Делегација на Универзитетот за туризам и менаџмент-Скопје по повод започнувањето на академската 2022/2023 година, учествуваше на пригодна свеченост организирана од Универзитетот за телекомуникации и пошти во Софија, со кој годинава потпиша Меморандум за соработка.

На ректорот на Универзитетот за туризам и менаџмент, проф. д-р Аце Миленковски, му беше доделена плакета во знак на благодарност за воспоставената соработка меѓу двата универзитета, а на свеченоста почесен гостин беше и претседателот на Бугарија, Румен Радев.

Универзитетот за телекомуникации и пошти од Софија е формиран во 1881 година како поштенско училиште и денеска е фокусиран на едукација на високостручни инженери и менаџери во секторот на телекомуникациите и на високата технологија.

Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје соопшти дека е 17 години во чекор со последните трендови и потреби на општеството и затоа ги интегрирал и информатичките науки во студиите што ги нуди со формирањето на Факултетот за информатика.



-Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје е насочен кон создавањето туристички работници, економисти и финансиски експерти, менаџери на човечки ресурси и софтверски инженери. Заемно препознавајќи ја клучната улогата на комуникациите и на технологијата во секој сектор од денешното општество, годинава на 8 јуни, двата универзитета потпишаа Меморандум за соработка обврзувајќи се да работат на воспоставувањето и на изведувањето заеднички магистерски, докторски и хибридни студии во областа на информатичките науки, соопшти Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје.

Извор: zoom.mk

Претходна статија

Зголемен интензитетот на сообраќај, на границите нема подолги задржувања

Следна статија

Дваесетгодишен скопјанец осомничен за повеќекратно насилство врз малолетници

Најново од Вести