| |

Бугарската влада дозволи учество на бугарски воен персонал во обуката на украински воени лица на територијата на земјите членки на НАТО

Бугарската влада дозволи учество на воени лица од бугарската армија во операцијата на НАТО за помош на Украина во областа на безбедноста и обуката (NAТО SECURITY ASSISTANCE AND TRAINING FOR UКRAINE – NSA TU) на територијата на земјите членки на Алијансата, јавува БГНЕС .

Со усвојувањето на оваа одлука, Бугарија дава јасен знак за нејзината посветеност да ја поддржи Украина, да ги поддржува евроатлантските вредности и да ја зајакне својата солидарност кон заедничките напори за поддршка на меѓународниот мир и безбедност.

Со оглед на близината на конфликтот до нашата граница и неговата важност за безбедноста во Европа, придонесот на нашата земја во операцијата на NSA TU е во согласност со напорите на другите земји-членки на Алијансата, велат од бугарската Влада.



Слични Објави