| |

Бугарската влада ги испраќа до бугарскиот парламент договорите за набавка на седум миноловци од Белгија и Холандија

Бугарската влада му предложи на бугарскиот парламент да го ратификува договорот за набавка на миноловци за Военоморските сили, како и меморандумот за разбирање со Белгија и Холандија, со кој се уредуваат условите за пренос на бродовите, обуката на екипажите и обезбедувањето резервни делови и опрема.

Проектот предвидува Бугарија да добие вкупно седум миноловци од класата „Трипарти“, кои во моментов се во составот на белгиските и холандските военопоморски сили. Првите три брода ќе бидат набавени од Холандија, а преостанатите четири ќе ги обезбеди Белгија.

Набавката е дел од проектот за модернизација на Военоморските сили, одобрен од бугарскиот парламент на крајот од 2024 година.

Миноловците се наменети за откривање, идентификација и уништување морски мини и објекти слични на мини. Тие се опремени со современи сонарни системи, далечински управувани подводни апарати и средства за противминско дејствување, усогласени со стандардите на НАТО.

Нивното воведување во употреба ќе овозможи постепено повлекување од служба на застарените базни миночистачи од советски тип, кои во моментов ги извршуваат овие задачи.

Согласно договореното, Бугарија ќе ги покрие трошоците за ремонт и обновување на бродовите до постигнување на потребната оперативна подготвеност, како и трошоците за подготовка на екипажите.

Слични Објави