| |

Бугарската влада испрати авион за евакуација на Бугарите од Израел

Бугарската влада во текот на вчерашниот ден ја подготви евакуацијата на Бугарите кои сакаа да го напуштат Израел по терористичките напади на „Хамас“. Владиниот Ербас полета за Тел Авив во 6 часот утринава, веднаш по добиената дозвола од израелските власти.

Вицепремиерката и министерка за надворешни работи, Марија Габриел, претходно во саботата разговараше со министерот за надворешни работи на Израел, Ели Коен и бугарскиот амбасадор во Израел, со цел да се обезбеди безбеден транспорт на Бугарите до аеродромот.

Министерот за транспорт и врски Георги Гвоздејков ги пречекува Бугарите во владиниот авион во Тел Авив.

На аеродромот во Софија Бугарите ќе ги пречека Марија Габриел.

Слични Објави